Legal:Language Community Meetings Privacy Statement/mk
Оваа изјава за личните податоци е дополнување на Правилата за лични податоци на Фондацијата Викимедија, наменета за учесниците на Language Community Meetings. Тука ќе бразложиме како ги собираме, користиме, споделуваме, складираме и бришеме податоците кои ги примаме од учесниците.
За собирањето и употребата на податоците
Зошто ги собираме вашите податоци
Овој проект ќе ни помогне со invest in skills and leadership development, enable more equitable decisions и increase the sustainability of our movement. Податоците кои ни ги доставувате ќе ги употребиме за:
- Приредување на настан или собир
- Подобрување на нашите проекти, алатки и услуги
- Наоѓање на подносители, учесници или номинации
- Поддршка на развојот на заедницата
- Понатамошно општење со вас
- Унапредување на знаењето преку отворено истражување и изучување
За повеќе информации за проектов, прочитајте ја страницата за него.
Како ги собираме вашите информации
Google Meet се користи за вдомување на средбата или видеопренос на настанот; прочитајте ги нивние Правила за лични податоци и Услови на употреба. Notes will be taken on Etherpad .
Кои информации ги прибираме
Ако изберете да учествувате, од вас ќе ги побараме следниве видови информации:
- Одговори на прашања
- како предодредени и слободни одговори
- Контактни информации
- како име и презиме, корисничко име, е-пошта
- Поднесени слики и/или снимки
- како видеоснимки, фотографии, сликореди
- Снимки
- каковидео, аудио, фотографски
- Преписи
- како текстуални разговори, описи на слики/снимки, екрански снимки
Споделување
Како ги споделуваме вашите информации
Објавување: Ќе објавуваме препознатливи податоци (како директни цитати со припис) За да го овозможите ова објавување, се согласувате дека ги подарувате вашите придонеси во јавна сопственост под условите на Криејтив комонс Нула 1.0.
Пристап: Сировите податоци ќе се споделуваат само со персоналот на Викимедија, изведувачите, услужниците и доброволците кои треба да ги обработат тие информации и подлежат на обврзаност за неразоткривање.
Друго споделување: Може да објвиме собрани информации ако тоа го бара законот, ако добиеме ваша дозвола, кога ќе треба да ви ги заштитиме правата, приватноста, безбедноста, корисниците или општата јавност, и кога ќе се јави нужда од спроведување на нашите Услови на употреба или некое друго правило на Викимедија.
Заштита
Колку долго ги чуваме вашите информации
Сировите податоци што ги собираме може да бидат задржани засекогаш. За повеќе информации, погледајте ги нашите начела за чување на податоци.
Каде да се обратите
Ако имате прашања, пишете на ssethiwikimedia.org. Учесниците што сакат да ги сменат, пристапат до или избришат информациите кои ги дале трена да ни се обратат со нивните барања.